демократски (прид.) - партија (имн.)

На 21 јануари 2008 година, во дебатата пред внатрешните избори во Демократската партија во Јужна Каролина, Барак Обама го прашаа што мисли за изјавата на Тони Морисон дека Бил Клинтон е првиот американски Црнец што станал претседател. А овој одговори: „Ќе мора повеќе да испитам како стои Бил со шизењето“.89
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најголем број места добила ВМРО-ДПМНЕ (38), Социјал Демократскиот Сојуз - Партија за демократски промени (31), Партијата за демократски просперитет (22) Реформската партија на Македонија-Либерална партија (17) Социјалистичката партија (5) Партијата на Југословените во Македонија (2), Народната демократска партија (1), Партијата за еманципација на Ромите (1) и 3 независни кандидати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По заминувањето од земјата во емиграција, наместо Мачек, Смолјан и Торбар, кои останеле во Југославија, во владата влегле д-р Јурај Крњевиќ и д-р Иван Шубашиќ, а на местото на загинатиот Куловац дошол Франц Сној.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
58 Неа ја сочинуваа: претседател: Душан Симовиќ (армиски генерал); потпретседатели: Владимир Мачек (ХСС) и д-р Слободан Јовановиќ (Српски културен клуб); министер за надворешни работи д-р Момчило Нинчиќ (Народна радикална партија); министер на војската генерал Богољуб Илиќ; Милан Грол и д-р Божа Мирковиќ (Демократска партија); д-р Бранко Чубриловиќ и д-р Милан Гавриловиќ (Земјоделска партија); Марко Цаковиќ (Независни); Богољуб Јефтиќ и Јово Банјанин (ЈН); Миша Трифуновиќ (Народна радикална партија); д-р Јурај Шутеј, д-р Бариша Смолјан, д-р Јосип Торбар и д-р Иван Андрес (ХСС); д-р Сава Косановиќ и д-р Срѓан Будисавлевиќ (Самостојна демократска партија); д-р Фран Куловац и д-р Миха Крек (Словенска људска странка); д-р Џавер Куленовиќ (Југословенска муслиманска организација).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 20 март 1991 Собранието на Р. Македониа ја избра првата влада на Р. Македонија со претседател акад. Никола Кљусев.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)