деловен (прид.) - тајна (имн.)

Зборуваше малку, како секој стопанственик, кој божем, ако зборува, би ризикувал да ги оддаде деловните тајни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со ваквите измени (дали поради незнаење или пак интенционално) се врши тенденциозно израмнување на значењето на институтите „деловна тајна“ и „деловен интерес“ за кои не е потребно да имате правна наобразба за да согледате дека не се работи за синоними во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Спротивно од ССМ, КСС велеа дека ако работникот, кој бил отпуштен од работа поради деловна причина – на пример, поради издавање на деловна тајна, според тогаш постоечкиот закон, работодавецот требаше да провери дали може да го врати работникот под променети услови – сега таа одредба се брише и тоа било во согласност со директивите на ЕУ!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, очигледно е дека претставникот на КСС ги „помешал лончињата“ – имено, според ЗРО, оддавањето деловна тајна не спаѓа во групата на „деловни причини“ за отказ!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)