дебел (прид.) - снежен (прид.)

Сите што се сведоци на убавата бела и дебела снежна покривка на градот, сакаат таа да потрае подолго време оти не само што го остава градот мирен и тивок, туку и чист.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Изгледа дека се спокојни само децата кои , по дебелиот снежен килим на софиските улици и паркови, без прекин се санкаат, се валкаат, прават снежни топки и со нив фрлаат по своите врсници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фрлањето на лопатата беше непромислена постапка, зашто во оваа снежна пустина дрвената лопата му беше добар сојузник, па се стрча и забавта преку дебелиот снежен ѕид, што го беше изградил, расчистувајќи го патчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Под таа дебела снежна покривка и поточето веќе не постоеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така таа зима имавме изобилство од бела блескавина оросена со златен прав, но топлината на сонцето до закоравено подмрзнатата дебела снежна покривка не успеваше да се фати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Надвор сѐ беше бело, покриено со дебела снежна покривка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зградичката на пиланата, потисната како недоотворена кртечина под дебелиот снежен покривач, смачкана од една дебела снежна капа, прилегаше на недопорастена печурка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)