даночен (прид.) - инспектор (имн.)

Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Син му на даночниот инспектор, високо и суво момче во долги панталони, со жолта врска околу танкото жилаво вратче, високо ја држеше главата пред другите деца и ги покажуваше разјадените заби - горд беше со својата кадрава коса.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Печурките ми личеа на мали луѓе со шапки, дебелата жена на даночниот инспектор, до нас поклопена со широка шапка од жолта слама, - на голема печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)