далечен (прид.) - пат (имн.)

Далечен пат изминала ружата додека во „Розовата долина“ ја нашла својата почва.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И таа самата не знаеше како изгледа зимата. Секоја година штом ќе се заредеа студени денови, сите ластовички од овој крај тргнуваа на далечен пат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нема никогаш да престане да патува и нема никогаш да се врати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила е веќе тргната на долг и далечен пат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Кејтеновиот син не слушаше, тој веќе беше на еден од своите далечни патишта, неговите тенки усти заиграа како штотуку првната пеперутка, чиниш пеперутка му застанала на усните, очите му беа полни со светлост, тој беше далеку, патуваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Патуваше крај реката Полжавот. Сигурно одеше на далечен пат штом со себе си ја носеше куќичката со целата покуќнина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)