далечен (прид.) - звук (имн.)

„До последен здив“ од Годар, Deep Blue, Убавицата на денот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таквите ноќи, наслушувајќи го тој далечен звук кој напати не се разликуваше од другите шумови на градот, но напати одекнуваше многу јасно и чисто, дедо Симон ги развиваше старите поморски карти на Медитеранот, полни со ознаки на морски струи, пристанишни податоци и точкесто назначени патишта на парабродски линии; ги одвиткуваше картите на Турската империја, кои беа свиткани наопаку, бидејќи југ со светите места на исламот им беше горе, картите на Балканскиот Полуостров издадени во Франција на кои Македонија, Албанија и Грција спаѓаа во Блискиот исток; тука беа и лажните карти на санстефанска okno.mk | Margina #26-28 [1995] 136 Бугарија, источни и бесмислени, картите на балканските земји работени за потребите на Ватиканот, на кои сите називи беа на латински и териториите поделени според црковните диецези, како и картите на Македонија издадени од автстроунгарскиот генералштаб, работени според несигурни шпионски податоци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова е конечно. Ништо не е како во твојата драма, сѐ е нако во мојата стварност. (Се слуша далечен звук кој се засилува.) Невозможно!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ми се стори дека животот со далечни звуци е премал дури да се стисне и во дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се намалував, гаснев - навистина ли ќе се обеси Сандре Самарија на греда? - и сѐ околу мене губеше вистинска големина, можеби и земјата што се плашеше од утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од земјата околу гробот се слушаше матен, далечен звук на метално гребење, звук носен од тивок ветар, ветар како слаба недовршена воздишка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некои го нарекуваат Виолина, но за музичарот тој дел од неговото тело беше Трагачот, секогаш подготвен да замине во некои далечни звуци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)