густ (прид.) - и (сврз.)

BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Водите густи и питоми по сјајниот метал на утрото водите полни со твојата умореност На патот до смртта како на патот до ноќта Понекогаш само ќе наврати гугутка амајлија на една дамнешна љубов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Следното утро, штом дојдоа на работа, почна да врне бавен, густ и ситен дождец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Свртувам тука и држам волан по тесниот пат со многу кривини и покриен со сенките на густите и многу стари буки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Братучед му потстана кога овој се приближи до масата и му ја подаде раката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вратоврската му беше темноцрвена, а косата, темна, густа и залижана, му го откриваше мазно избриченото лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една дебела матица живот, натопена со највистинската густа и леплива тага, што не се признава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И, како изболедувана болест, од неговото знаење, сега, пред него, во една густа и опорита грутка, понесена уште со крвта од детството, една единствена молитва од едно единствено верување, тој сега ја исфрлаше, просто прикажувајќи си ја себе си гласно, отфрлајќи ѝ секој збор, што го чул, секоја слика, што ја понел... ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Темничината беше густа и слегната во неговата одајка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потајно се радувале што тие луѓе од она село чие име тешко се запаметува им го донеле од шума попот: светците на манастирските ѕидови изгледале повесели кога од олтарот доаѓале во густи и бавни бранови свештенички песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе неколку дни ваделе камења за оние што сакале да станат воденичари на рекичката Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со раната врамена во скинат опинок, со таа втора дамка што можела да ги врати кон многубоштво, тие знаеле дека старецот е мртов од птици до чело и верувале дека од изгниеноста под земја брзо ќе се вообличи издолжена подвижност, најпрвин пелтеста, потоа густа и стврдната, најпрвин човек-труп, потоа труп-земја, најпосле змија-отров за нечија несреќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Неговото чело - погледнете го! Го гледале тоа чело и можеле да го видат она што го виделе пред тоа: на засечената жила лежел црн дукат на мртво месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се заврте и појде кон железните ребра, пак, уште еднаш, течејќи против текот на разбранетоста, шарена и густа река на луѓето. Како крмнак во густа и жива шума.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поетични пцости наредени густо и истрелани од откочен шаржер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Празничниот ден почна со неколку густи и брзи јата сини гулаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беа... и уште до пред некое време, пред да се дотркала пак в град, распорените стебла во една шума, густа и со густа смола, до оној ден кога матното невнимание му ги здроби зглобовите на прстите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше релативно млад човек со среден раст, црна, густа и кадрава коса.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Почувствував дека сум сред влажно поле со полегната магла, густа и непроѕирна, во бавно движење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кусата темна коса беше необично густа и мека.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го чекав, со по некоја мисла што ми заминуваше и се враќаше, а беше густа и леплива, како летното пладне, и не можев да ја расточам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ што беше на менито пак беше од кокошка, и овојпат беше густо и цврсто, неповолно за мојата и онака измачена столица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се поместив наназад затоа што од грчевитите притискања и тегнења на тетка Олга наоколу летнаа неколку капки, а кога го спуштив долу погледот, видов како влагата се шири по теписонот во вид на темна трага, го опфатил просторот под босите прсти на тетка Олга, а тргнал и накај мене со намера да ми ги натопи стапалата, па се повлеков на сигурна далечина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се гледаше дека тој дел од паркот никој не го уредува и не го негува, туку дека ѝ е препуштен на природата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дрвјата и грмушките беа густи и диви, тревата висока, да не речам колку нас, и таа сета задивена како човечка нога да не стапнала со векови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)