густ (прид.) - шума (имн.)

Обидот на Ламби да воспостави радиоконтакт со Бари завршил безуспешно бидејќи опремата можела да се употреби само неколку минути без движење и бидејќи се наоѓале во област со многу густа шума.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Наоколу имаше и густи шуми, но дрвјата беа толку побелени од снег, што малку прилегаа на себе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Синаја е начичкана со куќи една врз друга на самите стрмнини на Карпатите, во густа шума, и е испресечена со стрмни патеки и улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сенките беа во движење, се претопуваа една во друга, се разминуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ разиграните лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ растреперените лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Маврово, со нашата куќа среде ливадата, опкружена со густа шума, со потокот што тече крај куќата, со срните што нѝ доаѓаат во близина, со ѕвезденото небо што ноќе слегува толку ниско што ти се чини дека можеш да набереш грстови сјајни ѕвезди, сето тоа изгледаше како вистински рај наспроти пеколот во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знам само дека, кога почнавме да се спуштаме, под нас најпрво забележав густи шуми, а од што беа густи изгледаа не како да се зелени, туку беа модри, темни, како што е водата во Охридското Езеро ако се оди во длабочините со чамец, ама секогаш по малку се плашам кога ќе се оддалечиме премногу од брегот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не би размислувала ниту за миг дали да заминам да не беа оние вечерни излегувања во градот толку многу предизвикувачки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така сѐ си се слева во некои мрморливи корита, од испишана хартија направени брод­чиња што полека се натопуваат и тонат, додека мастилото се разлева, буква по буква...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Призрак чита: „... Толку густа шума што таму гнијат сенките...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Караорман, оддалеку, со својата густа шума, изгледа црн.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога погледнав, пред мене во недоглед се протегаше долина со густа шума, па во далечина едно ритче пошумено, само две–три куќи од селото се гледаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Минувала низ некоја густа шума, имало само едно патче расчистено по кое се движела и слушнала како во близина нешто рика.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И почнав, од дрво до дрво, дојдов до меѓата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)