густ (прид.) - снег (имн.)

Се исправив и гледав низ прозорецот. Надвор паѓаше густ снег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По поднесениот рапорт и поставувањето мртва стража, четата, одејќи еден зад друг го следеше курирот кој пробиваше пртина во густиот снег, влечејќи го зад себе во мракот живот синџир.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако на преминот имаше многу коли и тешки возила, иако сите мотори работеа, нивниот шум се топеше во густиот снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ трите здрави окна на прозорецот дремливо врнеше густ снег, а денот плашливо раздени онолку колку што можеше и остана збунет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)