густ (прид.) - корија (имн.)

Горе, во густата корија над Велјанова Ливада, нестрпливо чекаа партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Те пронајдов заборавено во каменот, во една густа корија што истекува во сртовите, во еден тивок збор што ќе ја зачне песната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога навлезе во густата корија од Караорман, се исправи на коњчето, гордо ја крена главата и колку што го грло носи запеа: „Горо моја, мајко на јунаци, шири, мајко, зелени пазуви нов партизан мене да дочекаш!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)