густ (прид.) - бор (имн.)

— Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве избеса на сретсело! — викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по дебелото месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, ете и сега, по големиот пораз, Толе пак зашета по Мариово како што шеташе и порано — слободен во своите густи борови гори, па и по своите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)