груб (прид.) - глас (имн.)

Шумно беше во крчмата. Зад преграда се караа груби гласови и се надвикуваа, зарипнати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еј, Зајко - му викна Волкот. Зајачето скокна испрепалено од грубиот глас на Волкот, заборавајќи дека и тој нема да може да влезе во дупката и да го изеде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Живее кај една моја роднина наблизу, - брзо ѝ реков, со груб глас, за да разбере дека не сум расположена за натамошно распрашување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)