гроздов (прид.) - ракија (имн.)

Се разменија и кратки поздрави. Се кренаа и чашки албанска гроздова ракија за заедничко здравје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Завладеа тишина. Келнерот ни донесе други чашки полни до врв со познатата албанска гроздова ракија. Го послужи и Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бевме послужени со неизбежната гроздова ракија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гроздовата ракија со која се наздравува ја допирам со усните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. порача две нови чашки гроздова ракија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)