греен (прид.) - сезона (имн.)

Платите редовно се исплатуваа, а работното време се почитуваше – со исклучок на одредени периоди, кога вработените, поради зголемен обем на работа во очи на грејната сезона, доброволно и без присила остануваат на работа, сè со цел во предвидените рокови да ги комплетираат работните задачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, пред почетокот на грејната сезона, битолската топлификација останува речиси без никакви ресурси, а после почетокот на истата работи само десетина дена, после кои престанува со испорачување на топлинска енергија, поради недостаток од мазут.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничките права во целост се почитувани, а како што истакнува Лозановски, фирмата беше „една голема фа- милија во којашто односите меѓу вработените и директорите се на другарско ниво“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ваква лоша атмосфера поминуваат и наредните неколку месеци, а во текот на септември 2007, повторно по одлука на „матичното друштво“, им е одземена опремата што некогаш беше инвестирана во би- толската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)