граѓански (прид.) - идентитет (имн.)

Солидниот интелектуален напор што Зоран Кравар го вложил за во личноста и делото на Мирослав Крлежа да открие некоја цврста точка врз која што би можел да се потпре модерниот граѓански идентитет, останал залуден.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мислам дека тоа малку кому му е јасно на овие наши 44 okno.mk бившојугословенски простори и тоа зборува колку модерниот граѓански идентитет е далеку од нас.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога комерцијалните интереси ќе стекнат преголемо влијание над јавниот простор, конечниот резултат е уништување на чувството на споделена сопственост на тој простор (дека тој им припаѓа на сите граѓани) и ерозија на граѓанскиот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во нив тој го живее својот фиктивен подобар живот, допуштајќи, во длабоко самосожалување, да му се граба и она што никогаш не успеал да го изгради во себе - својот граѓански идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)