граѓански (прид.) - должност (имн.)

– И треба да знаеш дека некоректното однесување може да го иритира доставувачот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Доставките, и усните а и пишуваните, зависат и од обвинетиот, од неговото однесување кон личноста која ја извршува ваквата одговорна граѓанска должност – објаснуваше Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Многу слободна, дури и искривена интерпетација! – реков – Не стануваше збор за никакво счудовидување туку за обично разменување на размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најчудниот спомен од овој разговор беше испишаниот страв во очите на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но исто така го немаш спомнато ни оној случај: кога си останал счудовиден од намерата на Господ Саздов да си ја изврши граѓанската должност откако во твое присуство изјавил дека ќе ги обавести надлежните служби за противдржавното однесување на тројцата развластени команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)