грамофон (прид.) - плоча (имн.)

4 Herbert J. Gans тврди дека овој термин е помалку соодветен, затоа што има очигледно негативни конотации, бидејќи масовната култура наведува на недиференцирана заедница, дури џган, а не на поединци, членови на група.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стана колекционер на грамофонски плочи и љубител на џез.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тешкотиите на таквото третирање на рокот не се само теоретски: ако рок публиката не е можно да ја разбереме едноставно како „празна“ и подложна на ефекти, така и индустријата на грамофонски плочи не можеме да ја разбереме како едноставна „причина“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И уште повеќе: оваа индустрија е „најнапред сама на себе ефект - ефект на повоените општествени промени, ефект на придружните класни, расни и полови односи, ефект на новите идеи за популарната музика, уметност и култура.“ (Frith, 259)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Музиката, пак само од грамофонски плочи, ечеше толку силно што се чинеше дека ќе ти се сврти умот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Музиката што нему му се допаѓаше требаше да биде убава и за нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)