градски (прид.) - црква (имн.)

На самиот ден, на ветената среда уште од ранина, народот се собираше околу градските цркви.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Биеја камбаните од сите градски цркви. Се редеа поповите и певците и хористите од црковниот хор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)