градски (прид.) - улица (имн.)

Јаничарите дефилирале по градските улици носејќи ги тепсиите и по враќањето од султанската палата, тепсиите се поставувале на земја и следел невиден метеж и мала битка за да се приграби што повеќе баклава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Значи поврзаноста на султанот со јаничарите, значаен услов во владеењето, не бил симболизиран само преку баклавата? запраша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јана по најмекиот килим газеше како по груб, дрвен под, со воздржан презир ги победуваше во тенис, секоја недела, машките партнери (а на големо задоволство на групата дечиња, што слепени за мрежестата ограда, ги следеа партиите), во најжестоките турканици по градските улици возеше минимално во трета, а откако ги пушти веѓите, доби тврд речиси андрогин изглед.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во почетокот на летото на градските улици повторно се појави Кијмет со дете во раце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И додека одеше по сѐ уште пустите градски улици кон касарната, во главата, за промена, ја слушаше Васка Илиева...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ема ја познаваа и двајцата, не беше некоја убавица по која се врти старо и младо додека поминува низ градските улици, но не беше и грда девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Возам по главната градска улица и небо не гледаме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трошките ги сееше и низ градските улици, со надеж дека го намалува светскиот глад.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Х се шеташе по градските улици со отворен череп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На градските улици, шарените, сјајни слики на насмеани лица и манекенки во бикини ветуваат задоволства на потрошувачката непопречени од реалностите на социјалната борба.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
123 Приватизирајќи го јавниот простор, градските власти ги привилегираат правата на сопствениците на приватна сопственост на сметка на традиционалните граѓански права на слобода на говорот и слобода на здружување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се сопна од разриената крстосница, на местото каде автопатот ја пресечуваше градската улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Родителите и образовните установи се жалат дека младината поминува премногу време гледајќи MTV, а премалку пишувајќи домашна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сличен список на забелешки се употребува во врска со насилството во филмовите и видео игрите, иако ревијата Time признава дека „не постојат конечни научни истражувања, делумно затоа што е тешко да се одделат ефектите на насилните дејства во видео игрите од оние осакатувања што ги гледаме во филмовите, на телевизија и на градските улици“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 105
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Противењето во однос на популарната музика го заостри настапувањето на музичката телевизија, што при својот настанок дури меѓу самите музичари побуди многу одбивни реакции.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)