градски (прид.) - канализација (имн.)

Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Тодор мислеше дека народот ќе се испотепа да гласа за еден завршен студент на филозофија кој во локалниот весник пишува за најновите поправки на градската канализација, зајадливо забележуваше Дејан, колега на Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Второ - реката Брегалница, која минува низ центарот на градот, е сливник на градската канализација, па така во горниот тек станува загадена - мртва река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А колку ѓубре си тече низ градската канализација, ги загадува реките, па дури и предизвикува помор на рибите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)