градски (прид.) - живот (имн.)

На пример, вашата насловна за Св. Валентајн 1993, излезе дека е прилично јавна интервенција во градскиот живот, на начин што не го антиципиравте?* Секако дека го антиципирав.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, под Бургас е романтично и човек е поблиску до морето и водата, далеку од градскиот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И можеби затоа внатрешниот живот на балканските населби е обележан од ориенталниот урбанизам, чии траги остануваат дури до втората половина на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поаѓајќи од фактот дека Турците стигнуваат на Полуостровот пред развитокот на градовите, нивното влијание ќе биде посебно означено во главните архитектонски решенија на балканските градови и другите аспекти на градскиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако романот за Лукач е граѓанска замена за епот, трагањето по автентичниот живот коешто, според мислењето на Лукач го придвижува романескниот ум, дури во деветнаесеттиот век непосредно ја зафаќа целината на градскиот живот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Без оглед на тоа колку несразмерноста на градот е намалена со современите превозни и комуникациски средства, а особено со доброто планирање Margina #26-28 [1995] | okno.mk 157 на градскиот живот, населбата по мерка на човекот во мегалополисот е напуштена и повикувањето на новиот граѓанин, човекот на “урбаната револуција”, делува како напор нуждата да се претвори во доблест.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Патешествието е веќе во тек“ („The seeker on the way of sound“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во планинава, во Гогов Валог доаѓа девојче! Градско, по градски облечено, на градски живот научено!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Па, разбирам, не да не разбирам, туку што можам јас да знам за градскиот живот кога никогаш не сум бил таму.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Последица на градскиот живот, нема што да се прави.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој го изразува триумфот на слободниот селанец против одлуките на политичката власт и тешките услови на градскиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)