градски (прид.) - врева (имн.)

Секој слободен миг беше надвор од градската врева.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Горештините принудија многу луѓе да се оттргнат од градската врева: железничката станица е претрупана со патници и тешко се добива место во вагоните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Новите гробишта, поттурнати вака подалеку од градската врева, пак не го добија својот мир.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некогаш, некаде, некои... Среде улична градска врева... Оттогаш минале низа векој Мечтите нивни ги покрила трева...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)