горен (прид.) - просторија (имн.)

Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овде мирисаше на загорена каша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По првиот наплив на чудото, професорот од Истанбул исчезна по скалите на горните простории.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од горните простории се слушаше разногласна бучава, што наликуваше на далечно “ура” во војничка колона.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)