горд (прид.) - и (сврз.)

Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас сум жена и можам сѐ!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жените се како Валкири- девици -божици, Далила- опасни заводници, Дулчинеи- љубовници, тие се како Хера- горди и моќни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Мора да е многу скап – додаде мајка ми. – Па, колку е нежно изработен, како филигран – се воодушевуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сребрен е, знаев дека ќе ти се допадне! – бев горда и пресреќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Петар беше малку возбуден, Томаица беше горда и насмеана.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше горд и ми ги даде како подарок за мене. Ги подготвив и јадевме со сласт.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)