голем (прид.) - тегла (имн.)

Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)