голем (прид.) - прозорец (имн.)

Отворена, со полустаклена врата кон чардакот и со еден голем прозорец кон реката, таа беше постојано светла.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На масичката веднаш до големиот прозорец со поглед кон блиската река веќе беше поставено мезето со двете чашки домашна ракија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски запре пред подотворениот голем прозорец на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем погледна низ отворениот голем прозорец кон реката која брзо течеше кон блиското море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш на дофат крај големиот прозорец на фотелјата на која обично седеше и читаше Татко беше регалот со големите речници и енциклопедии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно правило, што го имав слушано одамна, на кое не му придавав никакво значење, ми се потврди гледајќи ги голите жени во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Собата имаше еден голем прозорец, десетгодишно дете можеше да се провне низ него без да го превиткува телото.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Под неа десно, каде што завршува засекот, сум го одбележал школото, еве, тоа било школото, со две училници, жолто обоено и со големи прозорци, сега црни правоаголни дупки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Голем прозорец гледа кон улицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веројатно мисли на случајот со Пеперутката, она кога таа само со три чекори успеа да ја претрча неговата канцеларија а потоа и да доползи како мачка до отвореното окно над големиот прозорец заграден со решетки и оттаму да пласне на бетонската патека покрај бараката на дирекцијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Предност е големиот прозорец од каде влегува многу светлина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко ми замислено гледаше низ големиот прозорец на чардакот; погледот како да му одминуваше со текот на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седнаа на миндерот покрај големиот прозорец од кој го гледаа широкиот тек на реката и тврдината на ридот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Анастасија е на големиот прозорец на катот. Удира по перницата, да ја искорени нечистотијата, да ја сотре. А мислата ѝ шета наоколу.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
III Мајка и Татко, конквечерум, на чардакот, со отворените средишни големи прозорци, седнати еден крај друг на зелениот миндер, гледаа замислено кон реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стоеше, изделена, ѕурејќи во дождот и шумниот мокар свет отаде големиот прозорец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)