голем (прид.) - потреба (имн.)

Штом ги добил овие пари, знаејќи дека гемиџиите имаат голема потреба за помош и дека порано барале таква од Делчев, веднаш го повикал Орце во Женева и му дал 10.000 франци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мита, која беше отишла по голема потреба, виде како Ставре во трапот си ги переше гаќите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тие, будали велам, надвор од ровот клекнаа за голема потреба и за несреќа, едниот беше погоден срамно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаејќи дека ќе дојде до ова, почувствува голема потреба да ѝ помогне на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Парите можат да се потрошат и тогаш кога за тоа не постои некоја голема потреба, а тоа не е убаво, Парите можат да се чуваат, да се штедат, како што велиме, а кога ќе се присоберат повеќе и кога ќе ни се укаже прилика со нив да се купи нешто значајно, да се сврши некоја важна работа, а тоа е убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)