голем (прид.) - мајка (имн.)

И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трајанка беше тука со нив како една голема мајка, го крилеше семејството.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Јас тогаш ќе бидам големата мајка, ќе имам влакна на дундето и под рацете, и ќе имам големи цицки, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Умот ми оди накај Големата мајка од Говрлево. Одамна не сум ја видел во музејската витрина
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ги гледам на езерскиот брег, како што се гледаат мајки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За тебе Лазо, бев голема мајка а за Павле не.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Никогаш не ја виде мајка си. Никогаш не почувствувала што е тоа мајка. Нашата голема Мајка. Нашата Мајка, храброст балканска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)