голем (прид.) - лабораторија (имн.)

Таа за мене беше нај­големата лабораторија на балканските идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чардакот беше и големата лабораторија на Татковите балкански идеи, на неговата тишина која ферментираше во неговите ретки зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека чекореше во просторот, во Татковата свест, како во голема лабораторија, се преработуваше историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)