голем (прид.) - количина (имн.)

- Двете чети - продолжи генералот - на 670-та единица под заедничка команда, на кои веднаш да им се обезбеди голема количина минуција и поддржани од голем број митралези и минофрлачи, да обезбедат силен отпор во текот на целиот ден и ноќ на 20 и 21 и без оглед на жртвите да ја бранат линијата Грамос - Скирца - Кафа - Суфљакас - Скала.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Исто така потребно е голема количина на помош за дезинфекција. Немој да се мислиш за докторот бидејќи итно е потребен“. 194
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Па, што не одиме во Германија, или Америка, за да ги имаме во големи количини? - се зачудив јас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сто и педесет Германци се заробени, заробена е голема количина МТ и уништена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Гарванов, кој од гемиџиите започнал да се плаши повеќе отколку од турските власти, решил да не дозволи оваа голема количина динамит да падне во нивни раце.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По барање на Гоце, тие на гемиџиите им дале 250 лири (добиени од “откупот“ на мис Стон) за нивните потреби, но овие пред Задграничното претставништво ја примиле обврската за осум месеци да не преземаат никакви акции, зашто Организацијата очекувала преку Солун “увоз“ на голема количина пушки од Грција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)