голем (прид.) - заблуда (имн.)

Големата заблуда лежи во претпоставката дека дури и вистините од она што е познато како чиста алгебра, се апстрактни или општовистинити.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нови примери искажуваше, по втор, по трет, по тринаесетти пат ни ја изнесуваше биографијата на заблудениот другар, тој бил ангел, ние сме живееле во голема заблуда, слепци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тогаш? Пак Хорацио доаѓа на помош: како да ги употребам зборовите – и тие што откриваат, и тие што затскриваат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се расприкажал Хорацио, мрда со дебелите очи, а таксистот намерно во четврта, менува во втора: Доведен сум во голема заблуда, машко, и не знам кој пат да го фатам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)