голем (прид.) - елан (имн.)

Татко конечно повеќе не сакаше да го запира големиот елан на Климент Камилски: да се предадат на замислената мисија во потрага по излез од балканвавилонскиот лавиринт на јазиците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги читаше Татковите книги со голем елан, чиниш подмладена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оваа книга на Достоевски ја работевме со голем елан на часовите по литература, на коишто секогаш сакав да кажувам нешто откачено.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)