голем (прид.) - тоа (зам.)

О,сонце! Тој знаеше за небото. Но ова, што се распукнуваше пред неговиот поглед, откинат од сознанието, беше нешто, што се гледа првпат. Небото. О, колку е големо тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)