гол (прид.) - грб (имн.)

Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто имаш гол грб, Сине мој?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тигрестата Опаковка се размеша со голиот грб нудејќи му се на еден трапавко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беззаконието овде е нормална работа. Нормално е и што ѕидовите напукнуваат кога на нив ќе се потпре гол грб на жена.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)