гол (прид.) - врв (имн.)

Командата на ДАГ која соодбраната на Вичо, раководи од седиштето во селото Винени отаде езерото Мала Преспа, дури сега го сфати стратешкото значење на голиот врв на Лисец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од горе, од кај голиот врв на планината, ветерот дува во бранови, носејќи гранки, откорнати дабови фиданки и пластови снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да му е време да се оддели од своето полуизгаснато огниште и невратно да оди кај својот светец. еве, дојдов, со своите гревови, а вие златни, судете! во својата израснатост планините останаа вкочанети, бессилни да ги стресат од себе отровните магли, тие бели чалми околу голите врвови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Полека се наоблачуваше. Живо, слично на густа пара, перчиња темнолилави облаци го поклопија голиот врв на ВОдно движејќи се кон градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лево – голите врвови на Бела Вода, десно – Лунѕер, тешко освоиви тврдини во времето на војната, градени со рацете на македонските селани и селанки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во нивните очи потонаа голите врвови на Бела Вода и карпестиот рид на Лунѕер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во својата израснатост планините останаа вкочанети, бессилни да ги стреста од себе отровните магли, тие бели чалми околу голите врвови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)