годишен (прид.) - време (имн.)

Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа без оглед на годишното време си беше пред училиштето, тука, пред куќата на учителот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кемал многу сакал цвеќе и денес секогаш неговата вазна е полна со цвеќиња од сите годишни времиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ете за ова Митра ја сакаше зимата, а ги нејќеше другите годишни времиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпогодно време за успешно изведување на операцијата, според британските планери, било зима или рана пролет бидејќи во тие годишни времиња поради непроодност на патиштата можела да се минимизира супериорноста на непријателската механизација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Луѓето отсекогаш му се чуделе на редот во годишните времиња, на начинот како ноќта го сменува денот и на прецизноста со која, како што нам ни изгледа, ѕвездите и планетите се движат по небото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не знам дали некогаш ќе го остварам проектот што го имам во глава веќе неколку години: да воспоставам однос помеѓу нив и годишните времиња: Тудор би бил пролет; Џонс лето; Канингем есен; Раушенберг зима; (создавање, зачувување, уништување, мирување).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хенриеви плочи кои го исполнуваат воздухот со рокенрол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите тие придонесоа за промената во мојата работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зимата му стана годишното време во кое заглави, а униформата - облеката во која зарасна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Најмили годишни времиња му се пролетта и летото: тогаш времето го поминува по ридиштата и околните места собирајќи секакви тревки и билки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во неа за коренот се вели: „Коренот не е ни мал, ни голем, не е ни долг, ни краток; не трепери како оган, не тече како вода; Тој е без сенка, без мрак, без ветер, без зрак; Тој е без вкус, без допир, без вид, без сетило, без слух, без говор, без мисла; Тој е без здив, без лице, без тело, без мерка; нема внатрешност, нема надворешност; не се плаши од ништо; не јаде ништо, и ништо Него не го јаде; на Негова заповед сонцето и месечината одат секој по својот пат; не се судира небото со земјата; минутите, часовите, деновите, годишните времиња, вековите ја следат својата патека; реките што извираат од планините одат по својот тек каде што им е определен; на Негова заповед луѓето го слават доброто, а го мразат злото; во Него е и светото и проклетото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И секогаш, независно од годишното време и температурата, тоа уживање го правам на клупата пред хотелот под палмите кои не се увезени... турски се.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е нејзиниот прв потег: гледам во нејзината мила насмевка, во задоволството на иронијата, во играта, во фигурите што се вистински слонови и други животинки, мајмуни, војници, коњи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ревејќи со волчи гласови, гардистите ги кренаа веслата, а Пишпирик и Барбут- бег се свртеа и се стрчаа кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Погледнав кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Помеѓу реката и шумата на четирите годишни времиња удри граната.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Деновите во шумата на четирите годишни времиња не траеја долго. А ни ноќите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На враќање пак ќе ја земеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се мачеше да фати рипче, поточно – парче живо злато. Јасно, не успеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ноќе се слушаа утки. Ги плашеше шушкањето на сувите лисја под нашите нозе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ова е , жими се, шумата на четирите годишни времиња. – Рече Пишпирик. – Ние сме сега пред нејзиниот есенски дел, долг шеесет минути.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш од некоја куќа- бунар крај кулата на Мортенија рикна топ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Наша е и наша ќе остане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Наоколу куќи напред, сѐ бункер до бункер голем, и ги има десет барем, крај река на суво поле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под мартовското сонце, шумата на четирите годишни времиња се покри со смарагден накит.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На секој втор чекор несреќа ме колка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А одонде, од работ на шумата на четирите годишни времиња, Пишпирик и Барбут- бег се одмаздуваа со зборови: - Измамници! - Џепџии! - Во сулфур да горите!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таму, зад реката што ќе ја минеме на сплав, во шумата на четирите годишните времиња, во таа зелена татковина, цвркотеа птици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По есента, на секој еден час ќе се сменуваат другите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секогаш кога се враќаше од неговиот, за нас многу необичен пат, тој неизоставно ни донесуваше по една приказна, и тоа секогаш сврзана со годишните времиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Токму затоа постарите домци измислија посебно име за стрикото Лентеноски, го викаа пустиник на годишните времиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повторно бродолом во душата... пребродувам и се менувам ... како годишните времиња, како денот и ноќта, се прилагодувам на барањата на сѐ околу мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се упатив кон брегот. Картагина беше цвет-светлина во сите годишни времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Градинар во сите годишни времиња. Во неговото лице, со избраздено чело, беа напластени повеќе слоеви време на страдање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Возачот Бешир веќе беше на своето место. Беше готов да полета од Картагина кон амбасадата во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше градинарот на сите годишни времиња. Градинарот и на тишината во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беа координатите на вечната библиотека под париското небо која ја посетуваа во сите годишни времиња од целиот свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Непрекинато е во некаков бескраен залез, во онаа прва, пред четирите годишни времиња, петта доба.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако работеше во Електростопанството во Градско, Стерјо остана да живее со мајката и сестрите во селото Крушица, сместено во остриот засек на планината Бабуна, низ кој во сите годишни времиња течеше распенета снеговница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го сакавме во сите годишни времиња.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дефинитивно вака стојат работите за еден човек што не е зимурлија: Не е тачно дека овде има само две годишни времиња: зима и јули.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
7.1 Сега сум прогонет во себе И тоа е последното прогонство Што ќе го доживеам Како жива смрт Што може да се гледа И да се раскажува Како умеење што разнесува Годишни времиња Црвени ветрови Морници Надојдени води Глуварки Бели кашлици Самувања.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е една посебна историја за најсреќните мигови во животот на Мајка, историја за нејзината италијанска пролет која живееше со Мајка, во сите други балкански годишни времиња, во војните и во преселбите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Конакот, познат во вековите како мал албански Пиемонт, како тврдина на „државата семејство“, со отворени капии за гости и намирници во сите годишни времиња Ервехе никогаш нема да го заборави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се навестуваше новиот балкански егзил, напуштањето на родното гратче, Мајка често ја прелистуваше, во неа откриваше не само необични кројки на облеки, со секогаш нови преливи на бои, облеки не само за пролетната мода туку и за другите годишни времиња, облеки за деца, накит, мебел, рецепти за јадења за кои на Балканот сигурно ќе недостигаат составните делови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- А мене војните ми одзедоа многу убави годишни времиња лежејќи изрануван по болниците... - ги запрегна ногавиците и ги покажа лузните на нозете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се сети:тие луѓе војувале четри пати во четирите годишни времиња. напролет (а наесен?) дождовните порои ги миеле стрмните ниви од семе, од род.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Хонг Минг ја подигна главата, го погледна странецот и рече, „Пах!“, но Јун Јианг продолжи, „Небескиот дух не е во хармонија; духот на земјата е закржлавен, шесте основни односи не живеат сложно; четирите годишни времиња не го почитуваат своето вистинско време.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе учиш и за деноноќие и за годишните времиња - пролет, лето, есен, зима...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Квечерина да е. Таму, на прагот од утро и ноќ се споиле годишните времиња и под партитурите на карпите вирее неродена ливада- булка до булка успиена, лист во лист нанижан и затворен.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)