гласовен (прид.) - репертоар (имн.)

Задржувајќи си ја љубовта кон гласовната музика на подоцнежиот период на романтизмот, па дури и на онаа од дваесеттиот век, тој смело сними низа песни и арии напишани исклучиво за женски глас, кои обично ги исполнуваа само сопрани.109 Се разбира, Даниелс не е првиот геј-маж што уживал во пеење, макар и насамо, велики дела од женскиот гласовен репертоар, како што ќе ви потврди секоја оперољубива кралица (а денес во геј-светот никој освен, можеби, оперољубива кралица нема да сака да ви признае нешто толку незгодно).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Даниелс признава дека неговата практика да исполнува женски гласовен репертоар без да им го менува граматичкиот род на заменките во текстовите од песните што ги пее е нешто што хетеросексуален исполнител најверојатно не би го правел – но тоа изгледа само значи дека единственото нешто во гејството што е битно за него е изборот на сексуалниот објект, насоченоста на еротската желба, нејзиното хомосексуално жариште, машкоста на машкиот предмет на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека Даниелс бил геј-исполнител уште пред да стане професионален контратенор или дека покажал јавен геј-идентитет со тоа што станал контратенор, воопшто не дава никакви информации за некакваси можна поврзаност помеѓу неговиот глас, неговата изведба и неговото гејство, а не фрла ниту некаква светлина врз поврзаноста помеѓу музикалноста и сексуалноста.110 Пеењето женски гласовен репертоар, најпосле, не е нималку поиндикативно за Даниелсовиот субјективитет отколку играњето кошарка: и едното и другото се само забавни активности што на крајот не ни кажуваат ништо за поединецот што учествува во нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, никој – барем ниту еден геј-маж – што го слушнал Дејвид Даниелс како пее или кој преслушал снимка од него како пее романтични песни компонирани за сопран, не би можел да не наѕре некаква врска помеѓу неговото усвојување на женскиот гласовен репертоар и настраниот облик на емоционалниот живот што честопати изгледа дека ја придружува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)