гладен (прид.) - народ (имн.)

Гладен народ. Сиромаштијата никаде не се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потем, одново: Јад и чемер завладеа во Градот и глад голема и беше темно, ноќ прва, а сивите Чувари се примирија и спиеја на небото, и го видоа тоа силите небесни и им беше многу жал и пуштија маана врз гладниот народ, но мааната беше црна та паѓаше од небото, не како храна, а како закана...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)