главен (прид.) - штаб (имн.)

Во самата вечерна мугра се влечкаше Ѓорчевата чета по ридот кон југ и за неполни два часа дојде до Маргара каде што се стави со главниот штаб и сите што беа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја ослободивте ли, бре мажи, мајка Македонија?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Борис испадна и пред четниците со решението на главниот штаб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од наша страна, од страна на Организацијата, слободни сте да си одите по вашите домови без да бидете во опасност од уќуматот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ПРЕДГОВОР Во досегашната македонска историографија прашањето за дејноста на британските воени мисии во Македонија, односно при Главниот штаб и единиците на НОВ и ПО на Македонија, не е темелно, сестрано проучено и расветлено.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
107 На Кајмакчалан мисијата се задржала цели три недели кога пристигнал претставник на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 5 октомври 1943 година мисијата Mulligatawny пристигнала во Црвена Вода каде се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и ѝ се придружиле на мисијата Monkeywrench која претходните денови пристигнала при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во него се истакнува: „2. За да може по еден мирен и брз начин да се реши воената ситуација во југословенска Македонија и со тоа да се помогне нашата акција против германските окупаторски сили на Балканот, треба да се постигне договор меѓу Вас и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија по што: д) Вие и војската под Вашето командување ќе се присоедини кон НОВ и ПО на Македонија и ќе преземете, под нивна команда, борба против германските војски; е) Или да ја евакуирате територијата на Југословенска Македонија окупирана од Вас, откако претходно ќе ги предадете Вашето оружје и сите воени материјали на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се однесува на баталјонот “Христо Ботев“. 122 Баталјонот “Стеван Наумов“ е формиран на 11 ноември 1943 година во околината на Лерин од делови на Битолскиот НОПО “Гоце Делчев и Преспанско- охридскиот НОПО “Даме Груев“. 123 Третата група баталјони со Главниот Штаб на Македонија, ЦК КПМ и делегатот на Врховниот штаб, според утврдениот план на 31 јануари 1944 година се упати од селото Зборско кон Вардар.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
6. На Главниот штаб му е дозволено да врши распределба на комуникациите според постојниот распоред на единиците на одделните корпуси.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така во директивата се нагласувало дека “мисиите можат да бидат само кај Главните штабови и корупуси, а никако кај дивизиите или другите единици“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досега може не е исполнета ни половината, ни четвртината од целиот план изработен од комитетот и неговиот Главен штаб.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 10 август 1947 година, Главниот штаб на ДАГ (Грчка ослободителна армија) ги призна Македонците како посебно национално малцинство со право да отвораат училишта на свој мајчин јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се повратив, се најдов во болницата на главниот штаб.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
21. Еден ден дојде Василис Барџотис, политички комесар на главниот штаб на ДАГ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На своите едниници Главниот штаб им наредил да ги запоседнат италијанските гарнизони и да го преземат оружјето пред да го сторат тоа Германците, кои ги реокупирале италијанските територии во Западна Македонија и во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 10 јануари 1944 година, Одделот за специјални операции и „Лондонската група“ се фузионирале во Главен штаб на специјалните сили, под чија команда ги изведувале своите воени операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Главниот штаб на ОСС бил во Вашингтон, но негови клонови имало и во некои земји надвор од САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И додека командирот на командата во Смрдеш ја извршуваше наредбата, во Главниот штаб на ДАГ сѐ уште траеше советувањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку е часот? - Ближи два и триесет по полноќ... - Кажувај! - Ве бараат од Главниот штаб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, другари команданти, морам да кажам, дека на едно советување што се одржа во нашиот Главен штаб, меѓу другото го поставив и прашањето: што да правиме ако дојдеме во ситуација да бидеме потиснати од Пинд?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Во мугрите - продолжи Барѕотас - на 20 август единиците да бидат собрани на местата што се одредени со наредбата на Главниот штаб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кикицас го прекина: - По овластување на Главниот штаб наредувам веднаш да почнеш со пренесување оружје и да го распоредиш долж џадето меѓу селата Брезница и Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние да појдеме, а ти веднаш јави му на својот командант дека падна Гинова. И веднаш до Главниот штаб. Адио!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е сега морам да го разбудам. Лично го бараат од Главниот штаб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако му пренесе на Кикицас што рече сто седмиот, го праша: - Се сеќаваш ли за планот што си го изложил пред еден месец на советувањето во Главниот штаб во врска со евентуалниот продор на југ, доколку се најдеме во тешка ситуација?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И треба да знаеш дека ако така одлучи Главниот штаб тоа не значи дека ти со тоа си потценет. Напротив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според наредбата на Главниот штаб распоредот на силите и редоследот според кој ќе се повлекуваат единиците изгледа вака: уште во текот на оваа ноќ, 103-та и 16-та бригада, оставајќи на позиција по една чета со цел да дава што посилен отпор без да ја жали муницијата, просто да пука со непрекинат оган, офицерската школа на Главниот штаб и артилеријата на 670-та единица под една команда да се концентрира во реонот на селото Слимница и шумата Белца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова е во главни црти суштината на наредбата на Главниот штаб на ДАГ и редоследот на изведувањето на маневарот... - рече Кикицас, ја отвори табакерата, запали цигара и се повлече до масата покрај која седеше Маркос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Другиот ден кога требаше да ја примам четата, дојде еден другар од главниот штаб, барал талентирана жена, да знае да пее, да е убава, чесна и организирана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ПОКАНА ЗА АКТЕРСТВО
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)