главен (прид.) - центар (имн.)

Градот својата апотеоза, но и самракот ќе ги достигне кон крајот на XVII век за време на Турско-австриската војна, кога австрискиот генерал Силвио Пиколомини, со италијанско потекло, по офанзивниот пробив на 25 октомври 1689 година, ќе го спали освоеното Скопје, поради наводното владеење на чума.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа Скопје добивал обележја на султански град, еден од главните центри на Османската Империја, набргу бил наречен и Капија на Ориентот, со царски градби, како џамии, мавзолеи, карван-сарај, безистен, водовод.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и за поголемиот дел до сега познати и пред сѐ масовно прифатени стилови, оваа популарност едновремено ја означи и јавната смрт на онаа битна нота на алтернативност и бунтовништво која ги карактеризира речиси секој израз и стил настанат вон главните центри на медиската индустрија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неговиот дворец, замокот Сан-Суси во Потсдам, претставувал еден од главните центри на интелектуалната активност во Европа од 18-от век.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сметале дека таа ситуација би можела да биде малку ублажена во случај ако се востановат слободни пристаништа и комуникации меѓу Солун и Кавала и ако тие слободни пристаништа и комуникции меѓу нив и главните центри на југословенска и бугарска Македонија се стават под меѓународна контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции (СО) во Лондон бил задолжен за преземање и раководење со саботажи, за помош на движењата на отпорот и на народноослободителните движења, како и за герилски акции на териториите окупирани од силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сите негови побарувања, со помош на умот, каде што се наоѓа главниот центар, со леснотија можеш да ги контролираш: гладот, студот, жедта, угодноста, и другите физички потреби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)