главен (прид.) - улога (имн.)

Во дадениов случај најарно е иницијативата и најглавната улога да е во рацете на најзаинтересираните големи држави, коишто најарно ги знаат нуждите на Македонците”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И оној од Ираклион, се сети, имаше приказна со неа во главната улога: се качуваше по спиралните скали со везена железна ограда на една сецесионистичка зграда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од новите вестерни, како “Tombstone” (со Kurt Russel и Val Kilmer во главните улоги) и римејкот на “Пресметката кај О.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во главни улоги настапуваат заслужени актери.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. всушност го изговори прологот на драмата на балканскиот театар на апсурдот, требаше да следуваат чиновите на драмата во кои главните улоги, пред истата публика, требаа да ги играат К.К., во декорот на католичкиот павилјон, П.П., во декорот на православниот павилјон и М.М., во декорот на муслиманскиот павилјон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ден во Домот на младите "25 Мај" во рамките на редовната програма на традиционалните Синеастички вечери се прикажуваше филмот "Голи во седло" со Питер Фонда и Денис Хупер во главните улоги.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Легната на кревет со неколку доктори и сестри околу себе во една приватна болница одгледав краткометражен филм со мене и моите црева во главна улога, како кратка реклама за колагенска крема и чај од нане на голем плазма телевизор... додека не ме фати анестезијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги играат главните улоги во операта „Царица“ компонирана од Трентини лично за неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Белиот Јоргован“ беше српскиот превод. Мјузикл од 1937 година, во оригинал се викаше „Maytime“ во режија на Роберт З. Леонард, а главните улоги ги толкуваа Џенет Мекдоналд и Нелсон Еди, големи холивудски ѕвезди на мјузиклот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Краста: А овој третиот е Беки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Беки, кој ја играше главната улога во?... 124 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа и било попусто што писателот Семјуел Дилејни – во обидот во 1977 година да си ја одгледува тригодишната ќерка во несексистичка средина во САД и очајувајќи што не можел да ѝ најде доволно сликовници со женски ликови во главните улоги – се нафатил да го менува со „бел коректор и со фломастер“ родот на животното јунак во некако андрогината сликовница што конечно ја избрал за да ѝ ја чита на малата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ја почнав приказната“, раскажува, „и уште кај првата заменка Ива ми се преврти на скутот и ми рече: „Ама, тато, машко мече е!“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во 1966 година според неа се сними сјаен црно-бел филм во режија на Мајк Николс, со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)