главен (прид.) - удар (имн.)

Татко беше свесен дека главниот удар му го зададе токму Мирон Донски, уште при првата средба, што беше можеби и причината за неговата болест.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во меѓувреме владината војска својот главен удар го насочи на Лисец, но пред тоа се водеа тешки борби за ридот Чука каде не е утврдено дали некој од бранителите остана жив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)