главен (прид.) - стратег (имн.)

Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај тоа што минимализмот во многу работи беше спротивен од поп-артот, обата правца го делеа ладниот, импер­сонален изглед - простор на непристрасност. 1965-та година се чинеше дека сликаревата топлина, експресивната страст од минатата деценија, веќе беше сосема поразена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој и самиот стана ѕвезда, културен херој, откако детално ја обработи својата опсесија за животот на ѕвездата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
LIX При преселбите на нашето семејство за Татко, главниот стратег на егзилот, пресудно беше да ја загнездиме судбината крај брег на река, езеро или море, а за Мајка најзначајно беше во каква куќа ќе се вселиме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но таа, за секој случај, ја носеше со себе врската со клучевите од нашите напуштени куќи, првин крај Јонското Море, а потоа крај Охридското Езеро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поп-артот јуришаше напред, а Ворхол го зазема местото на главен стратег.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)