главен (прид.) - проблем (имн.)

Откако ги востановува овие три типови, Јакобсон веднаш преминува на укажување на главниот проблем кај сите нив: дека, додека пораките можат да служат како адекватни интерпретации на кодни единици или пораки, кај преведувањето редовно среќаваме непотполна еквивалентност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И, за крај, се разбира, главниот проблем кој го чека секој оној што е заинтересиран за Translation Studies: прашањето на евалуацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А за воопшто нешто да почне да се движи, треба барем да се лоцираат и артикулираат главните проблеми.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Круме имаше проблем со хемороидите, но главниот проблем беше друг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од мене се очекува да запишувам сѐ за да се види влијанието на дрогата, нешто како тек на свеста, што не е тешко, но уживањето дроги не носи нарација, а во овој случај таа е потребна за да го задржи вниманието на читателот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова е главниот проблем кога треба да се опише нешто духовно, нешто апстрактно, како едно религиозно или сексуално искуство кое едноставно е тешко да се опише.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во суштина, сватив дека главен проблем ми претставува зимата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова исчезнување на публиката е главниот проблем на уште еден скандалозен московски идол, Олег Кулик.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Односно, дека главниот проблем со работничките права е нивното кршење.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Главниот проблем е тоа што тие не успеале себеси да се откријат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)