главен (прид.) - пречка (имн.)

Во напуштањето на излолационизмот во САД, кој бил една од главните пречки за влегувањето на САД во војната, голема улога одиграл американскиот печат, којшто го мобилизирал јавното мислење околу настојувањето САД да ја напуштат таа политика и директно да се вклучат во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа тие постојано биле преокупирани со грижата за наоѓање на парични средства и постојано мислеле дека парите, а потоа и динамитот, се главните пречки на патот кон исполнување на револуционерните задачи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сметајќи дека немањето пари е главна пречка за реализирањето на ослободителните планови Герџиков и Манџуков решиле до такви да дојдат по секоја цена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)