главен (прид.) - непријател (имн.)

А тврдењето дека ти си главниот непријател на Адолф Хитлер, сеедно дали е кажано со иронија, звучи како обична глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Главни непријатели на Маргиналецот се: телевизијата, весниците, универзитетот, како и одредени форми на културно здружување (најомразени се играорците и писателите).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)