главен (прид.) - магистрала (имн.)

ВО БЕЛГИЈА бев можеби во еден од најубавите краишта, во таканаречените Белгиски Ардени, кои се слушаат откај француската граница, па сè таму кон Луксембург и постапно кон Уј, кој потпаѓа под широкиот регион на Лиеж, далеку на деведесет километри на југ од Брисел: практично сето тоа се наоѓа на еден многу значаен крстопат - одовде се делат патиштата за цела Европа - Германија, Холандија, Луксембург, оттука минува главната магистрала, која Белгија, покрај Брисел ја сврзува со Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси нема место кое не е поврзано со пат а сите тие се сливаат во главната магистрала која води или за Брисел или за Лиеж.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секое утро, Софокло ја храни со свежи јајца и дебели глувци миленичката на Асклепиј, ја тови нејзината кусовечна инкаранција, пробивот на машката нетрпеливост над прагот, додека Таа, жива линија, се провлекува, без почеток и крај, во најтемните алги на свеста, до главната магистрала на идниот Мегаполис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)