главен (прид.) - личност (имн.)

Особено подвлече, дека главната личност во пиесата, протата, е од Витолишча, поповиот Крсте, на чие име истури една торба пофалби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во првата редица беа застанале главните личности од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во врска со тоа, од кај им се парите на Јанческите, додека времето не ја донесе вистинската приказна, во две различни времиња во Потковицата заживеа една иста приказна, но во две варијанти и со две различни главни личности.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во филмот се претставени 92 главни личности, но тука ги има многу okno.mk | Margina #8-9 [1994] 59 повеќе, покрај стотици настани и поединости.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Програмите на Двете минути омраза варираа од ден во ден, но немаше ниту една во која Голдштајн не беше главната личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
” Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt), 1943г. •Сенка на сомнежот, заедно со Психо, е еден од вашите ретки филмови во кои главната личност е негативец, а публиката сепак сочувствува со него, веројатно затоа што никогаш не го гледа додека ги убива вдовиците. •Хичкок: „Веројатно, впрочем, тој е убиец идеалист.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
” •Секогаш, по повод Сенка на сомнежот ми се наметнува оваа поединост: во првата сцена на железничката станица, кога пристигнува возот од кој се симнува вујче Чарли, од оџакот на локомотивата сучи многу јак црн дим, и додека возот се приближува, тој го затемнува целиот перон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не вака, обично, секојдневно, па башка и пишувала за мене некои нешта што воопшто не би сакала се откриваат пред другите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа пишувала сè што ќе и падне напамет, а никако да се обиде малку да ме опише поубаво, и подобро отколку што сум, да измисли нешто, да личам на вистинска главна личност од роман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во првата случка, како што е вообичаено да се вели, главната личност сум јас, Г.П. - возрасен човек што се труди секогаш да ја кажува вистината.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)