главен (прид.) - лик (имн.)

Нараторот зазема страна да остане во сенката на една интрига, чии два главни лика се, од една страна, неговиот татко, учен човек, либерал, разумен и, од друга страна, Чанга, човек од сортата на Мерлин кој станува народен симбол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас верувам дека оваа голема култура на Балканот, во книгата на Старова таа е симболизирана преку Таткото, главниот лик во книгата кој е воедно, и интелектуалец и ерудит и мудрец.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да се чини дека негативната етичка димензија преовладува во постапките на главните ликови, за нив не може да се донесе конечен суд, бидејќи фактите постојано ни бегаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму, наизглед главниот лик во тие вицови, самиот Херцеговец, всушност воопшто и не излегува на сцена. Нималку случајно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дедал е неговиот генијален архитект (“Дедалус” е име на главниот лик во Џојсовиот Портрет на уметникот во младоста!).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во сите романи на Достоевски се сретнуваат “нечистите” крчми во кои се водат најбитните, апстрактни и страшни разговори меѓу главните ликови за најновите судбини на руската и на космичката историја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговата улога е улогата на насилната жртва: - сврзана со определената промена на социјалната положба на главните ликови на митот (rites de passage според Ван Генеп); - сврзана со некои сосем прагматични прашања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како што е изнесено во почетокот, настаните во романот, починувањето на таткото, го ослободува главниот лик на нараторот од зависноста која би го лишила од финалниот триумф над противникот (тоталитарната идеологија) која го примора „големиот губитник” на егзил и на еден повлечен живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но со таа разлика што овој пат главниот лик успева да избега од пеколот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Главните ликови во романите на Достоев­ски, од Раскољников до Иван Карамазов, се големи поли­ти­­ча­ри и непомирливи религиозни бунтовници, верно вне­се­ни и загледани во Бога, но едновремено беа и негови најжестоки клеветници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зборувавме за атеизмот на главните ликови во романите на Достоевски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лео Берсани јако го пренесува чувството на геј-посраменост поради неминовната пропаст на геј-мажественоста упатувајќи на „класичното спуштање: влегува буч во бар и се топори наоблечен во кожа, зинува и звучи ко пешован, те носи дома, каде што првата работа што ја гледаш му се сите дела од Џејн Остин, те легнува на кревет и – и другото го знаеш“.320
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој нема да сочувствува со нејзината болка, со нејзината вџашена неверба во свирепоста и неблагодарноста на ќерка ѝ?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еротскиот модел на еднакви љубови што го подразбира му е еднакво мил и на еден од главните ликови во романот од 1998 година Летот на стрелата од Марк Мерлис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запознавам некого... мажиште... во бар или на бања и ми се гледа баш онаков... каков што го сакам. Згоден мустак, фармерка ливајс, штиркана војничка кошула... снага-човек...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, таа е главниот лик, ѕвездата и главното жариште на интересот на гледачот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е ни чудо што на главните ликови во приказната, Вир и Клагарт, толку им се брза да го умрат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И кој нема да ѝ се восхитува на моќта на нејзината морална индигнација, на праведноста со која ја отфрла ќерка си што ја презрела и што ја отфрлила нејзината искрена и изнапатена љубов?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом сте го имале, едвај чекате да се ослободите од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како прво, пропуштам да воочам дека проблемот на главниот лик е реален и доволно интересен за сам да го генерира дејствието.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пиесата „Идиотите никогаш не умираат“ започнува со монологот на главниот лик, Чарли Офтика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Трча главниот лик во романот на Грум, трча постојано, потсетувајќи ги читателите дека ич не е убаво да си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Преводот на Аверченко, А. е извршен според “Одбрани раскази”, Москва, 1985 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Препознавав дел од себе во главниот лик, т.е. Кери Бредшо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му раскажував за годините минати крај Арафат во Картагина, за мојата дипломатска мисија, за мојата желба да пишувам за тие времиња, за дипломатските години, можеби во книжевниот жанр на романот кој сметав дека може најблиску да претстави еден можен тоталитет на еден историски процес-роман во рамките на една долга романескна балканска сага, на моето албанско и балканско семејство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби дипломатските години ќе завршат во роман, како дел од мојата семејна потрага, во која ќе се вмешаат и главните ликови, владетелите кои трагаат по својата татковина, ја откриваат, ја присвојуваат, на крајот ја изневеруваат, сакајќи да служат отаде реалните можности, да се извишат над кулминативната точка на кривата, по што неизбежно следи падот, како и при возвишувањето на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Двајцата главни ликови, Србо и Шишман, скоро осамени во ова дело (останатите се во Србија, Бугарија, Франција...) ниту жалат ниту некого обвинуваат за своите маки и својот статус.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мистеријата се врти околу виновникот за бродоломот но како од еден епизодист како парохот Чарлс Лотон да направиш главен лик?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но јас мислам дека не би било толку паметно од моја страна да продолжам да ви пишувам за секакви поединости за оваа ситуација за која моите коментари и немири не би промениле ништо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Доцна во ноќта, ми се случува понекогаш да помислам дека тој е наведнат врз една од овие книги чиј главен лик останува овој мудрец, кој исто така, е предаден на незавршени ноќни читања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас ништо не знам за трговијата со книги, но од малкуто што го читам, го слушам, ме прави вчудовидена.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потоа, главните ликови, вашиот татко, вашата мајка и Чанга се претставени како различни фигури на мудроста: вашиот татко ја претставува мудроста на интелектуалецот, Чанга ја изразува мудроста на човекот на природата, а вашата мајка е симбол на мудроста на спасителка на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)