главен (прид.) - инженер (имн.)

Народот од нас чека помош и заштита. Тој што станал комита, не е орач. На комитата пушката му е плугот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Не идам јас така? - одговори човекот и извади полномошно од султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден ден дојде главниот инженер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На градите нов срмен елек, а на нозете жолти чизми. Беше многу горделив.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На него беше удрен и царскиот печат со полумесечина и ѕвезда.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тука беше веќе главниот инженер!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Селаните од ден на ден чекаа да дојде главниот инженер, а него го немаше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но, ете, петтиот ден откога си отиде инженерот, дојде друг царски човек од султанот и се претстави за главен инженер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јаваш, јаваш 49)! - се правдаше командирот на полициската станица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Главниот инженер, кој шармантно се смееше, и овојпат се насмевна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главниот инженер, млад човек, висок, со долгнавесто убаво лице, само се насмевна и не рече ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главниот инженер ме советуваше да барам да се стават водомери за во иднина, во случај на кризни, сушни периоди, да може да се ограничува и да се контролира потрошувачката на вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На почетокот на работата, кога закопа првпат машината, а потоа и во текот на изградбата, неколкупати доаѓаше и директорот на фирмата, заедно со главниот инженер, заинтересиран изведбите да бидат успешни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Двајцата колеги на главниот инженер на чие име добро се сеќавам, се викаше Доре Ќамилов, тие двајца, значи, исцртуваа провизорно на големи табаци (подоцна ќе исцртаат сè на чисто и професионално) и ги внесуваа мерките.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мерачките реквизити ги носеше еден нивни помошен работник, но главниот инженер одредуваше каде да се постават, кога да се преместат, или да се соберат, и само тој гледаше низ малата геодетска камера на три потпирки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше дваесет и први јуни, кога главниот инженер извести дека најпосле работата е завршена и водата може да потече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А велеа: „Жената на главниот инженер“. Велеа: „Таа, кога отишол еден ден во нивниот стан“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Режисерот, кого Ване уште не го беше видел, си беше во штабот, меѓу раководителот на градилиштето и главниот инженер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)